5 мај 2020

– Во рамки на програмата „Култура во време на Корона“ на Град Скопје вечер ќе се одржат два концерта.

Групата „Љубојна“ ќе одржи концерт кај Железничката зграда зад трговскиот центар Буњаковец. Концертот ќе почне во 19 часот.

– Кривичниот суд во Скопје не го прифати предлогот на првообвинетиот во предметот „Рекет”, Бојан Јовановски – Боки 13, во дополнение на доказната постапка како сведок да биде сослушан Горан Николовски, поранешен директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање.

– Загриженост за економската состојба по завршувањето на кризата со новиот коронавирус, изразуваат осум од десет Грци (80,3 отсто), додека пак една третина (31,2 проценти) од анкетираните се плашат дека ќе останат без работа, според резултатите од истражувањето на грчкиот Институт за комуникација и писменост во здравството и медиумите, во кое учествувале 1.322 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

– Откако австриската Влада во средината на март воведе ограничувања во слободата на движење поради епидемијата на Ковид-19, голем број Австријци работат од дома, а тоа навистина им се допаѓа, покажаа нови истражувања.

Седум од десет Австријци кои работат од дома истакнале дека сакаат така да работат и во иднина.

– Иранската авиокомпанија „Махан ер“ , поврзана со Иранската револуционерна гарда, превезувала патници заразени со Ковид-19 и со тоа допринела во ширење на вирусот на Блискиот Исток, објави Би-Би-Си.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close