МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 јуни 2020

4 јуни 2020

– Штипските епидемиолози со масовното тестирање на текстилните работници ќе продолжат и наредната недела, откако вчера се појави и уште еден позитивен случај на коронавирусот во нова конфекција со 250 вработени.

– Редовно и темелно миење на рацете, поставување дезинфекциони средства на истакнати места во работната средина, носење заштитни маски, држење дистанца од најмалку еден метар, избегнување на директен физички контакт со други лица како прегрнување, допирање и ракување, организирање на работата во смени или на далечина доколку е тоа возможно, се дел од препораките што ги содржи Протоколот за превентивни мерки на работните места што Владата го усвои на 60-тата седница.

– Турција денеска ги отвори своите граници со Иран и Ирак за товарниот сообраќај, откако повеќе од три месеци беа затворени заради опасноста од ширење на коронавирусот, јави ДПА.

– Маските за лице можеби ќе мора да се носат до почетокот на кампањата за масовна вакцинација против новиот коронавирус, што би можело да се случи во октомври или подоцна, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

– Tелото на политичарката Анел Буено е пронајдено еден месец откако таа заедно со уште три лица беше киднапирана од група вооружени лица, изјави претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Back to top button
Close
Close