МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 март 2020

18 март 2020

– Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница. По завршувањето на седницата, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат соопштени заклучоците што ги донела Владата.

– Судници, ходници, санитарни јазли, шалтери и сите останати простори во новата и стара зграда на Кривичен суд – Скопје, денеска и во петок на 20 март ќе бидат темелно дезинфецирани, информираат од Кривичниот суд – Скопје.

– Лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, во текот на денешниот ден ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија, соопшти Министерството за одбрна.

– Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајан изјави дека политичарите го потцениле степенот на опасност од епидемијата на новиот коронавирус.

– Швајцарскиот здравствен систем би можел да доживее колапс до крајот на месецот, ако новиот коронавирус продолжи да се шири со моменталната брзина, изјави претсатвникот на швајцарската Влада, Даниел Кох.

-Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 199.409 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 7.997, а оздравеле 82.812 луѓе.

Back to top button
Close
Close