МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

16 март 2020

16 март 2020

– ЕБОР оддели една милијарда евра итна помош, во форма на „Солидарен пакет” за мерките што ќе им помогнат на компаниите во регионите каде Банката има активности, да се справат со последиците од пандемијата на коронавирусот.

– Во „Жито Лукс“ сите производствени капацитети работат нормално, со секојдневна испорака на производи и затоа нема потреба од создавање залихи во домовите.

– Во просториите на Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска свечена изјава дадоа ново избраните судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Марјана Лазарова – Трајковска, Наке Георгиев, Лидија Мартинова и Сафет Кадрии.

Новоизбраните судии на Врховниот Суд, според соопштението на Судскиот совет, ја дале пред претседателот и членовите на Судскиот совет.

– Бројот на заразените со новиот коронавирус во Словенија се зголеми за 34 лица и сега изнесува 253, јави дописникот на МИА од Љубљана.

– По информациите дека турските власти ги вратиле во Турција бегалците кои се наоѓаа на турско-грчката граница, Европската комисија ја потврди информацијата, јави дописничката на МИА.

– САД ќе преземат мерки за самоодбрана доколку бидат нападнати, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео во разговор со ирачкиот премиер Адил Абдул Махди по ракетниот напад врз ирачка база каде што се стационирани американски војници, кои помагаат во борбата против Исламска држава, соопшти Стејт департментот.

 

Back to top button
Close
Close