МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

13 март 2020

13 март 2020

– Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ продолжува на 25 март поради отсуство на еден од обвинетите за користење на мерките од Владата за справување со коронавирусот.

– Македонските државјани во Италија се соочуваат со најтешките моменти од престојот на Апенините откако коронавирусот ги загрози животите на десетици илјади граѓани, а околу 1.000 веќе се мртви. Семејство од Делчево кое е во самоизолација во Северна Италија за МИА раскажува дека 24 часовниот режим на изолација тешко се поднесува. Во местото каде живеат починал 51 годишен ветеринар, додека ситуацијата како што велат е најлоша во Ломбардија, Милано, Пиемонте, а почнува да се влошува и во Венето.
-Тука веќе има мртви од вирусот, во Изола Д’Асти почина ветеринар на 51 година. Во моментот имаме забрана за излегување од дома без потреба, освен за итни работи. Освен продавниците, не работат баровите, пицерии, ресторани. Забранета е комуникација со лица, застанување и шетање без причина. Забранети се сите јавни собири.

– Со цел елиминирање на секоја можност од ширење и превенција на Covid-19, секторите во Министерството за финансии ќе ги одржуваат состаноците преку телеконференциска врска, а секоја комуникација со странките ќе се врши телефонски или електронски.

– Косовскиот Национален центар за менаџирање на границата (ЌКМК) објави дека од утрово во шест часот е забранет влезот на граѓани и возила од Косово во Република Албанија, како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Инфлацијата во Германија остана непроменета во првите месеци од 2020 година и покрај зголемувањето на цените на храната и енергијата.

Потрошувачките цени пораснаа за 1,7 отсто во февруари во однос на претходната година, што е сличен пораст на годишно ниво во јануари. Од јануари до февруари 2020 година цените се зголемија за 0,4 проценти.

– Австралискиот министер за внатрешни работи Питер Датон денеска изјави дека тестовите покажале дека е позитивен на коронавирус.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close