МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

13 март 2020

13 март 2020

– Тестовите на коронавирус на четирите лица од Струмица, поврзани со првата пациентка, извршени вчера попладне, се негативни, соопшти утрово Министерството за здравство.

– Дополнителни мерки за заштита од ширење на коронавирусот се препорачуваат во општина Дебар и Центар Жупа, согласно заклучоците на Владата од последнта седница, а по преземените мерки и извештајот што треба да се достави до крајот на денот, Министерството за здравство ќе објави соопштение за можноста од воведување карантин на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.

– Поради состојбата со Коронавирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, се воведува забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик согласно Листата на Светска здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство.

– Новоизбраната претседателка на Грција, Екатерини Сакеларопулу, во 11 часот по локално време, во грчкиот Парламент ќе положи свечена заклетва, а веднаш потоа, во претседателската палата и официјално ќе ја преземе функцијата од Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА од Атина.

– Француските образовни установи ќе останат затворени најмалку 15 дена, јави дописникот на МИА.

– Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации, Кели Крафт, најави дека кон крајот на месецот ќе се суспендира сета хуманитарна помош за подрачјата од Јемен што се под контрола на бунтовничкото движење Хуси, што е поддржано од Иран, јави агенцијата Анадолија.

 

 

Back to top button
Close
Close