4 март 2020

– Судењето за предметот „Рекет“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева продолжува в петок. На денешното рочиште сведочеа хирург од приватната болница „Систина“, што е во сопственост на бизнисменот Орце Камчев, кој во два наврати го опрерирал Боки 13 за намалување на телесната тежина и личниот возач и кој според првообвинетиот му бил и личен асистент.

– ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално листите со кандидати на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март. Претходно кандидатите и носителите на листите треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет што ќе се одржи на 10 март во вторник соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

– Владата продолжува да креира мерки и политики кои ќе помогнат да се зголеми вработеноста, особено на младите, и уверена сум дека тие ќе дадат резултати и ќе помогнат во намалување на одливот на кадри од државата, рече вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска.

– Патниците со авионите на „Визер“ од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен локатор – карта што е уште еден чекор во превенирањето и регистрирањето на евентуално заболени од коронавирусот кои доаѓаат во државава.

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Европската унија треба да ги поддржи иницијативите на Турција за решавање конфликтот во Сирија, доколку сака да стави крај на мигрантската криза.

– Европските институции потврдија дека е детектиран првиот потврден случај на заразен со коронавирус во Европската агенција за одбрана (ЕДА), јави дописничката на МИА.

– Кинеските научници кои го проучуваат потеклото на епидемијата на новиот коронавирус велат дека откриле два главни видови кои можат да предизвикаат инфекција.

 

Back to top button
Close
Close