4 март 2020

– Министрите за надворешни работи на Полска, Летонија, Литванија и заменик-министерот за европски прашања на Естонија, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“, денеска се сретнаa со шефот на дипломатијата Никола Димитров и истакнаа дека ја поддржуваат Република Северна Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

– Кај сите политички лидери на Балканот, без исклучок, постои уверување дека по тешките одлуки што ги донесовме изминативе три години, Северна Македонија гради нова политика кон соседите и забрзано се интегрира во евроатлантските структури, вели во интервју за „Слободен печат“ претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

– Француската државна секретарна за европски прашања Амели де Моншалан, во одговор на пратеничко прашање, нагласува дека Франција ќе ја донесе својата одлука врз основа на мислењето на Европската комисија, без притоа да каже каква ќе биде таа одлука, јави дописникот на МИА.

– Претседателот на СДСМ Зоран Заев објави дека по темелна анализа правни тимови констатирале и го информирале оти промената на имињата на основите училишта во Општина Чаир е согласно со членот 26 од Законот за основно образование, како и дека не било неопходно Бадентерово мнозинство.

– Уште двајца турски војници се убиени, а шестмина се повредени при напад на сириските безбедносни сили во провинцијата Идлиб, соопшти денеска турското Министерство за одбрана, со што бројот на загинати турски војници изнесува најмалку 37 во текот на изминатата недела.

– Полска денеска го регистрираше првиот случај на коронавирус на своја територија.

– САД извршиле воздушен напад врз позициите на талибанците во провинцијата Хелманд, на југот од Авганистан, што претставува прв американски напад врз нив од потпишувањето на договор.

Back to top button
Close
Close