4 март 2020

– Италија се соочува со деликатна ситуација што зафаќа глобални размени, но, како што оцени италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео во интервјуто за МИА, италијанската Влада навремено реагирала на вонредната состојба предизвикана од опасноста од епидемијата од Ковид 19, што беше позитивно оценето од Светската здравствена организација и од Европската Унија.

– Сo нови сведоци на одбраната на Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за случајот „Рекет“.

– Италија смета дека не постојат повеќе изговори за понатамoшно одложување на датумот за преговори. Се надеваме и очекуваме дека тоа ќе се случи до Самитот во Загреб, оцени италијанскиот амбасадор Карло Ромео во интервју за МИА.

– Не постои сомнеж, од моментот кога постои овој масовен обид за мигрантски прилив во земјата, секоја влада ќе го стореше тоа што го направи денешната, вели лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас за затворањето на грчко –турската граница , јави дописничката на МИА од Атина.

– Русија ја обвини Турција дека не се држи до обврските преземени од договорот за создавање демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб, и дека место тоа таа им помага на милитантите.

– Американскиот претседател Доналд Трамп се состана со директорите на 10-те најголеми светски фармацевтски компании и од нив побара да го забрзаат развојот на вакцината и да пронајдат делотворни третмани против коронавирусот.

 

 

Back to top button
Close
Close