3 март 2020

– Инфо-деновите за презентирање на Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата денеска продолжуваат во Желино и Теарце.

Повикот за оваа мерка трае до 14 април, а предвидува вкупно 9.216.693 евра или 568.147.394 денари за вложување во примарно земјоделско и сточарско производство, инфраструктурни зафати, преработка, директен маркетинг на земјоделското стопанство и производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

– По минатонеделните две одложувања поради отсуство на сведоците Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделески, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева.

– Амбасадорот на Норвешка Јерн Јелста денеска ќе има средба со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во неговиот кабинет.
Јелста ќе го посети и средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“ во оваа општина чија енергетска ефикасност беше подобрена со грант од Кралството Норвешка.

– Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, преку неговиот официјален „Твитер“ профил демантираше дека имало пукање на грчко – турската граница, тврдејќи дека станува збор за лажни вести, јави дописничката на МИА од Атина.

– Папата Франциск, кој веќе неколку дена откажува одредени активности поради настинка, не е заразен со новиот коронавирус, објави италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.

– Си-Ен-Ен и порталот Ворлдметер во денешниот биланс за состојбата со коронавирусот наведуваат дека вкупниолт број на заразени во светот изнесува 90.032 лица, а бројот на починати 3.119. Досега од заразата се излекувале вкупно 48.175 лица.

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close