2 март 2020

– Договорот од Преспа претставува дел од меѓународното право, но сега имаме потреба од затворање на ова поглавје започнувајќи ги преговорите за членство. Тоа ќе ни помогне да ја надминеме поделбата кај нашиот народ, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за грчка „То Вима“ дадено по минатонеделната Конференција на високо ниво за Западниот Балкан во Солун.

– Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

-Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на Европскиот совет Шар Мишел, утре ќе ја посетат грчко –турската граница кај Еврос, како што самиот Мицотакис објави на официјалниот „Твитер“ профил, јави дописничката на МИА од Атина.

– Белгиските власти соопштија дека е потврден трет случај на заразен од вирусот Ковид-19, два дена откако беше потврден и вториот случај.

– Многу Американци ги напуштаат скапите крајбрежни градови, вклучувајќи ги Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк и се селат во поевтини.

 

 

 

Back to top button
Close
Close