МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

28 февруари 2020

28 февруари 2020

– На патниот правец Маврово – Дебар е воведена забрана за тешки товарни возила поради врнежи од снег.

– Владата на денешната седница донесе заклучок и препорача откажување на поголемите јавни собири, спортски настани и забавни и културно-уметнички манифестации до 6 март 2020 година, со цел превенција на ширење на коронавирусот.

– Врнежи од дожд и силен ветер со брзина од над 70 километри на час се очекуваат денеска во попладневните часови.

– Во Романија денеска се потврдени уште два случаи на новиот коронавирус, со што вкупниот број на заразени сега изнесува тројца.

– Помеѓу 30 и 40 унгарски државјани се ставени во карантин на туристички брод во Мексико под сомнение дека се носители на коронавирус, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на денешната прес-конференција.

– Во пожар што рано утринава избил во станбена зграда во иранскиот град Комо починале најмалку пет лица , меѓу кои и едно двегодишно дете, а 38 лица се поврдени.

Back to top button
Close
Close