МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

28 февруари 2020

28 февруари 2020

– По одлуката што ја донесе Европскиот суд за човекови права во Стразбур во корист на граѓани кои требаше да плаќаат фиксен надоместок за парно греење, денеска од здружението „Но пасаран“ ја поздравија одлуката и ги повикаа граѓаните кои се наоѓаат во слична ситуација да се борат за своите права.

– Се радуваме на приемот на Северна Македонија како наш триесетти сојузник. Со нетрпение го очекуваме финалниот процес на ратификување во националниот Парламент на една од сојузничките земји. Веќе го подготвивме јарболот и со нетрпение очекуваме убава церемонија за подигнување на знамето на нашиот нов сојузник, изјави Мирчеа Џоана, заменик-генерален секретар на НАТО за романскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

– Извозот на стоки во текот на 2018 година бележи раст од 21,8 отсто во однос на претходната година, објави Државиот завод за статистика.

– Преку 143.000 евра гаранција во имот, медицинска документација за чир на желудник како и докази дека Бојан Јовановски-Боки 13 кога бил притворен бил на граничен премин од каде ќе патувал на годишен одмор, беа гаранциите на Боки 13 и неговата одбрана кои денеска беа доставени и образложени на јавната седница пред судечкиот совет во Апелациониот суд Скопје по повод изјавена жалба на обвинетиот за укинување на мерката притвор.

– Ректорите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Сашо Коруновски и на Универзитетот во Белград, Иванка Поповиќ потпишаа меморандум за соработка фокусиран на научноистражувачки проекти посветени на младите од двете држави.

– Околу 2.500 правни субјекти треба до 31 март да излезат на слободниот пазарна електрична енергија. Станува збор главно за јавни претпријатија во државна сопственост и во сопственост на општините кои до овој рок треба да изберат снабдувач на електрична енергија.

– Агенцијата на Обединети нации за бегалци (УНХЦР) денеска соопшти дека не е известена за промените на турската политика кон сириските бегалци, ниту добила извештаи дека луѓето тргнале кон Грција или други делови на Европа.

– Портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано, на денешниот редовен брифинг во Европската Комисија, повика на итна деескалација на ситуацијата во Идлиб, Сирија, под напад на силите на Башар ал Асад и Русија.

– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Сирија и Русија веднаш да ги прекинат воздушните напади на Идлиб и целосно да ги почитуваат своите меѓународни обврски.

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close