МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

28 февруари 2020

28 февруари 2020

– Се надевам дека изборната кампања ќе има содржини, а не само меѓусебни партиски обвинувања, порача денеска германскиот амбасадор Томас Герберих во интервју за „Слободен печат“ и додава кампањата не би ја нарекол валкана, туку премалку ориентирана кон суштината.

– Годинашното издание на меѓународниот Струмички карневал заврши синоќа со одржување на концертот под маски, а останатите содржини што требаше да се одржуваат до 4 март се откажани, потврди за МИА претседателот на Организациониот одбор, Александар Цицимов.

– Гркинка на 36-годишна возраст, која неодамна патувала во Италија е четвртиот потврден случај на коронавирусот во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Француската авиокомпанија „Ер Франс“ планира да прекине 1.500 работни места до 2022 година, без присилно одложување, а мерката најмногу ќе биде насочена кон персонал кој не е во авионите, соопштија извори на синдикатот.

– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг свика вонреден состанок денеска со амбасадорите на државите на Алијансата.

 

Back to top button
Close
Close