МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 февруари 2020

27 февруари 2020

– Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, денеска донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март, вечерта на полноќ. Исклучок ќе бидат каналите на јавниот сервис: МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.

– Членството во НАТО и добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ за земјава може да бидат значаен поттик за зајакнување довербата во државните институции, за заштита на приватната сопственост, за поттикнување на конкуренцијата и, во целина, за остварување на сите битни претпоставки за владеење на правото во вистинска смисла, а тоа би ефектуирало во зголемен прилив настрански директни инвестиции, како и зголемена економска активност, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески на панел-дискусијата што ја организира Мрежата за деловен развој на Југоисточна Европа.

– Природниот прираст во земјава во четвртиот квартал од 2019 година е негативен и изнесува минус 49, односно за толку бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица, објави Државниот завод за статистика.

– Генералната директорка на АД „Мепсо“, Ева Шуклева информираше дека синоќешниот ветер уништил дел од фасадата на АД „Мепсо“, односно фасадата што се наоѓа во внатрешниот дел на зградата и служи како паркинг-простор во објектот. Откорнати се и десетина клима-уреди.

– Во текот на изминатата недела (од 17 до 23 февруари) се регистрирани 5.654 заболени од грип, што е за шест случаи помалку од неделата пред неа кога беа регистрирани 5.660 заболени, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.

– Коронавирусот е глобална криза и тоа нема да предизвика застој само во Северна Македонија, напротив ќе предизвика застој и во стопанството во целиот свет. Особено важно е во овој период да останеме со студени глави, изјави денеска директорот на Делегацијата на германското стопанство во државава Патрик Мартенс.

– Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека ставовите на западните сојузници за решавање на косовското прашање ќе бидат усогласени, но тој не знае во која форма истите ќе бидат соопштени.

– Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека неговата земја се „принудува на интеграција“ со Русија и порача дека вистинска интеграција на економиите на двете земји значи „суверенитет и независност“ на Белорусија.

– Вкупниот број на заразени лица од коронавирусот во Иран достигна 245, а 26 од нив се починати, соопштија од Министерството за здравство во Иран.

Back to top button
Close
Close