МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 февруари 2020

27 февруари 2020

– Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Австрија, каде што ќе оствари средба со новата австриска министерка за Европа, Каролине Едштадлер.

– ЈСП Скопје соопшти дела ќе започне со дополнителна (вонредна) дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на Жичарницата на Водно.

– Долниот дом на шпанскиот Парламент изутринава го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

– Моделот на здравствената заштита за мајките и новороденчињата што се базира на силна примарна здравствена заштита во државава е пример што ќе го промовираме и ќе го користиме за целиот овој регион на Балканот, особено делот на дигитализацијата, односно дигиталното здравје. Секоја реформа е тешка и за секоја реформа е потребно време, но она што е битно е дека сте на вистинската патека и Светската здравствена организација (СЗО) ќе продолжи со поддршката.

– Петте најбарани документи од Агенцијата за вработување од денеска по електронски пат им се достапни на граѓаните. Единствено што треба да направат е да се најават на националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk со корисничкото име и лозинката за УЈП и да поднесат барање за документот што им е потребен по што за триесетина секунди бесплатно ќе го добијат по електронски пат. Услугата може да се корсисти само еднаш дневно.

– Аранжманите за 8 Март за Италија се откажани поради новонастаната ситуација со коронавирусот, а поради паника и страв има обиди за откажување и на аранжманите за другите региони, велат од Стопанската комора за туризам на Македонија.

– Негативен е резултатот за присуство на корона вирус кај пациентката за која постоеше сомнеж, а која е една од двата дополнителни случаја што беа тестирани вчера на Инфективната клиника во Скопје, по утврдениот прв пациент со овој вирус.

– Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Ќерим Кељменди пронајден е утрово запален во неговиот автомобил во селото Захаќ во општина Пеќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Велика Британија денеска ги објави своите првични позиции за трговските преговори со Европската унија, заканувајќи се дека ќе ги прекине преговорите доколку не се постигне напредок во рок од четири месеци.

– Кина се подготвува да испрати 100.000 патки во соседен Пакистан за да помогне во справувањето со ројот скакулци кои ги јадат земјоделските култури, јави Би-би-си.

Back to top button
Close
Close