МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 јуни 2020

3 јуни 2020

– Фондот за здравствено осигурување соопшти дека поради технички проблем со довод на електрична струја, односно неисправност на електричен кабел денеска осигурениците, матичните лекари и фармацевтите се соочиле со потешкотии и имале проблем при издавање на лекови на рецепт на товар на Фондот.

– Годишната стапка на инфлација во Турција минатиот месец се искачи на 11,39 проценти, додека во мај изнесуваше 10,94 отсто, соопшти Турскиот институт за статистика (ТуркСтат) .

– Германската авиокомпанија „Луфтханза“ во првите три месеци од годината забележа загуба од 2,1 милијарди евра поради намалената вредност на активата поради пандемијата со новиот коронавирус што го погоди секторот патување.

– Полицајците, кои отвораат оган врз луѓе што претставуваат опасност, треба да им пукаат во нога, а не во срце, изјави поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.

Back to top button
Close
Close