МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 февруари 2020

27 февруари 2020

– Поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ не се појави денеска во Судот, каде што требаше да сведочи на рочиштето за случајот „Рекет“.

– Со сведочење на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Монструм“ кој се однесува за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилсковското езеро на 12 април 2012 година. Мијалков за настанот дознал половина час после убиството. Случајот го воделе БЈБ, а Управата била вклучена со помагање во информации.

– Северна Македонија нуди многу добри можности за германските компании во областа на енергетската ефикасност поради нејзиниот експанзивен индустриски развој, порачува во утринска телеграма до стопанствениците и медиумите Патрик Мартанс, директор на Делегацијата на германското стопанство во државава.

– Откорнати кровни конструкции, оштетени фасади на објекти, паднати дрвја, оштетени билборди и возила е билансот од силниот ветер што доцна синоќа дуваше во Скопје со брзина од над 100 километри на час.

– Народното собрание на Република Српска утрово ја поддржа одлуката на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик да стави вето на повикот на другите два члена на Претседателството (Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ) упатен до претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ да ја посети БиХ кон почетокот на март.

– Носењето заштитни маски на јавни места што го покриваат лицето не е легално во Белгија, велат правниците, потсетувајќи дека прекршување на законот предвидува казна до 137 евра и/или затвор од еден до седум дена.

– Жена која работи како возач на туристички автобус во Осака по вторпат е позитивна на новиот коронавирус, што е прв ваков случај во Јапонија.

 

Back to top button
Close
Close