МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 февруари 2020

27 февруари 2020

– Атрактивноста на ЕУ е во нејзиниот наратив, но за истиот да биде одржлив ни треба повеќе од ветување на хартија. Партнерствата се валоризираат низ призмата на ветувањата и очекувањата. А нашите очекувања од ЕУ се повеќе од оправдани, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера на Карловиот Универзитет во Прага.

– Со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Северна Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност без согласност на јавниот обвинител кој раководи со ова јавно обвинителство, вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

– До раните утрински часови екипите на Град Скопје ги санираа штетите предизвикани од ветерот кој синоќа дуваше со брзина од 70 километри на час.

– До училиштата, универзитетите, јавните научни и образовни институции доставени се детални насоки како да постапуваат со цел да се заштитат учениците, студентите и вработените од евентуално заболување на коронавирусот.

– На Балканот каде има повеќе од 40 милиони жители досега се регистрирани пет заразени со новиот коронавирус (Ковид-19). Нема починати од тој вирус. Тројца се заразени во Хрватска, еден во Грција и еден во нашата држава.

– Италијанската Влада повика за меѓународна поддршка во напорите за спречување на ширењето на инфекцијата со новиот коронавирус во државата, каде што бројот на заразени достигна 477, а бројот на починати од петокот досега – 12.

– Новиот коронавирус се прошири во 40 земји низ целиот свет и заразени на сите континенти, освен на Антарктикот. Досега, најмалку 2.800 луѓе, најголем дел во Кина, починаа од новиот коронавирус, ковид-19.

Back to top button
Close
Close