МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 февруари 2020

26 февруари 2020

– Во последните две и пол години вложени се повеќе од 100 милиони евра директно во странските и во домашните компании за да се поттикне нивното производство и да ги направиме посоодветни условите за развојот на нивниот бизнис во нашава држава, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска при денешната посета на германската компанија „Вик“ во технолошко-развојната зона кај Алинци, во близина на Прилеп.

– Максимално да се почитуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за спречување појава и ширење на корона вирусот во земјава, апелира попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

– Се уште е рано да се зборува за последиците на нашата економија од коронавирусот, оцени денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска за време на посетата на Свети Николе. Посочи дека од Владата имаат насоки да ги следат состојбите и да преземаат одредени превентивни мерки.

– Конфликтот Русија – Украина, прашањето околу дијалогот на Косово со Србија, но и соработката меѓу двете земји беа теми на дискусија за време на средбата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и албанскиот премиер Еди Рама, наведува телевизијата Ора њуз.

– Претседателот на Словенија Борут Пахор го предложи Јанез Јанша за мандатар за состав на новата влада, јави дописникот на МИА од Љубљана.

– Градот Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради ширењето на новиот коронавирусот, откако официјални претставници од Центарот за контрола и превенција на болести предупредија дека неговото ширење во САД е неизбежно.

Back to top button
Close
Close