МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 февруари 2020

26 февруари 2020

-Три лица денеска се пријавиле на Инфективната болница со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот. Кај двете лица резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат за половина час. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека станува збор за наши граѓани кои изминатиот период патувале во Италија, а сами се пријавиле на Инфективната клиника.

– Буџетот е ликвиден, а во јануари наплатата на даноците е подобра за 10,7 отсто во однос на истиот период лани или повисока за 23 милиони евра, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета во Свети Николе.

– Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања паузира во активностите и ќе нема средби до завршувањето на изборите кај нас, но контактите не се целосно прекинати, соопшти историчарот Драги Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим.

– Косовскиот премиер Албин Курти изјави денеска дека таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ќе се укине веднаш откако ќе се воспостави целосен реципроцитет кон Белград, за што се очекува елаборацијата од Министерството за економски развој, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Полска воведува годишен бонус за пензионерите и лицата што примаат инвалидски надоместоци, според предлог законот што вчера го потпиша претседателот на Полска, Анджеј Дуда.

– Изнанадувачкиот раст на случаите на новиот коронавирус во Италија, Иран и Јужна Кореја е „длабоко загрижувачки“, но неговото ширење и натаму може да се спречи за да не прерасне во пандемија, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација.Тедрос Адан Гебрејсус.

 

Back to top button
Close
Close