МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 февруари 2020

26 февруари 2020

– Во декември лани во земјава вкупно се потрошени 798.920 мегават-часови електрична енергија, 32,380 милиони нормални кубни метри природен гас, 593.973 тони јаглен и 95.489 тони нафтени продукти.

– Министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа информира дека во Турција досега нема потврдени случаи на новиот коронавирус, но според него, не мора да значи дека никогаш нема да има, јави агенцијата Анадолија.

– Сите лица кои во Црна Гора се под здравствено-санитарен надзор поради новиот коронавирус, се чувствуваат добро, информира денеска доктор Сања Меденица од Институтот за јавно здравје.

Синоќа во комплекс апартмани во местото Бад Клајнкирхајм во Австрија, починала 56 годишна Италијанка, за која докторите се сомневаа дека е заразена со новиот коронавирус.

– Кина минатата година доби трипати повеќе нови милијардери од САД, кои своето богатство го заработиле во фармацевтскиот и секторот за интернет-забава, покажува денеска објавената ранг-листа на најбогати луѓе во светот на кинеското списание „Хурун рипорт“.

 

Back to top button
Close
Close