МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 февруари 2020

26 февруари 2020

– Состојбата со Преспанското Езеро се следи во континуитет и се преземаат активности во рамки на надлежностите, информира Министерството за животна средина и просторно палнирање, кое најавува дека следната неделаќе се одржи координативна средба на национално ниво за да се разговара за досегашните активности и можностите за подобрување на спроведување на мерките на Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро.

– Сончево и топло време со умерена на места значителна облачност ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигне брзина од над 70 километри на час.

– Во земјава нема заболени од коронавирусот Ковид – 19. Здравствениот систем е подготвен и спремни се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар. Јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба, ова се пораките кои изминативе неколку дена ги упатуваат надлежните.

– Во некои маркети во Љубљана дел од полиците останаа празни, откако граѓаните поради страв од коронавирусот граѓаните почнаа масовно да купуваат тестенини и конзервирана храна.

– Климатската активистка Грета Тунберг и нобеловката Малала Јусафзаи се сретнаа на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија. Разговараа за својот активизам меѓу себе, но и со другите студенти.

– Индија повторно се најде на врвот на годишната листа на градови со најлош квалитет на воздухот во светот, покажуваат податоците на новиот гопдишен извештај, додека кинеските градови продолжуваат да покажуваат знаци на подобрување во однос на претходната година, пренесе Си-ен-ен.

Back to top button
Close
Close