МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 февруари 2020

25 февруари 2020

– Патникот што допатувал од Дубаи и кој имаше симптоми слични на грип, а беше хоспитализиран на Инфективната клиника нема коронавирус. Тестирањето на пациентот покажало дека тој бил позитивен на Инфлуенца тип Б.

– Советот на министри на Република Албанија донесе одлука за отворање генерален конзулат во Струга. Веста ја соопшти овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, во објава на Фејсбук.

– Околу 12 март се очекува да пристигнат од 17 до 33 нови еко-автобуси во Скопје, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Владата денеска на седница донесе одлука да ги задолжи сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, како и да организира едукативни часови за превенција од корона вирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје. На граѓаните на земјата им се препорачува да не патуваат во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на коронавирусот.

-Турските власти денеска во карантин ставија 132 патника и членови на екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“ од Иран заради сомнение дека некој од нив е можно да е носител на новиот коронавирус.

– Белгискиот епидемиолог, Мариус Жилбер, за белгискиот јавен сервис РТБФ денеска објасни дека вирусот Ковид-19, познат како коронавирус, е вирус што се шири брзо и дека е важно да се биде сериозен и подготвен.

– Американската компанија „Модерна“ која произведува лекови ја испорача својата прва серија на вакцина против новиот коронавирус до американските здравствени агенција, со цел да може да се покренат првите тестирања на луѓе.

Back to top button
Close
Close