МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 февруари 2020

24 февруари 2020

– Граѓаните доколку немаат итна потреба, да ги одложат патувањата за регионот на Северна Италија, апелираше попладнево министерот за здравство Венко Филипче по најновите случаи на заболени и починати од коронавирус во Италија.

– Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска се сретна со францускиот амбасадор во државава Кристијан Тимоние со кого разговарале за заложбите на Владата за целосна слобода и независност на медиумите, особено во предизборниот период.
Како што соопшти владината прес-служба, францускиот амбасадор изразил надеж дека претстојните избори ќе се одржат во фер и демократска атмосфера и дека тоа е особено важно во пресрет на најавите за добри вести за Северна Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ги повика утре на протест членовите на партијата и сите граѓани, кој ќе започне во 18 часот пред Обвинителството на кејот на реката Вардар до Врховниот суд.

– Вкупно 607 милиони денари легнаа на сметките на 3.213 сточари, одгледувачи на овци, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

– Утре е ден на жалост во Куманово, едногласно одлучија советниците на денешната вонредна седница на Советот, закажана по повод вчерашниот трагичен настан во Романовце каде што во семејна куќа по експлозија на плинска боца и пожар на место загинаа три дечиња, подоцна и 58 годишен маж го загуби животот, а вкупно седумина беа повредени.

– Пациент за кого има сомненија дека е заразен со коронавирус се наоѓа на Клиниката за заразни болести на Универзитетскиот клинички центар во Приштина, потврди денеска косовскиот министер за здравство Арбен Витиа.

– Европската Комисија, како и бројни други организации ширум светот, ги осудија маските кои претставуваат Евреи на карикатурален начин за време на годишниот карневал во градот Алост, во Белгија, викендов.

– Иранската Влада вети дека ќе биде колку е можно потранспарентна околу прашањата поврзани со епидемијата од коронавирус, откако власта беше обвинета дека ја крие вистинската бројка на заразени и починати од Ковид-19.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close