МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 февруари 2020

24 февруари 2020

– Два милиони евра обезбеди Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за инвестиции во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за згради во приватна сопственост и објекти за домување во земјава.

– Отсуството на вештак од Србија за судскиот предмет за „Насилство во Општина Центар”, е причина зошто не се одржа денешното рочиште за овој случај. Минатото рочиште обвинителот Гаврил Бубевски го најави вештакот од Белград, откако одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески, побара истиот да биде присутен во судница и да го објасни вештачењето за бомбите во овој предмет. Следното рочиште за овој предмет е закажано за 3 март.

– Целосен колапс со масовно отпуштање на работниците, ѝ претстои на текстилната индустрија ако идните креатори на политиките наместо системска поддршка за поголема продуктивност во секторот, продолжат да форсираат мерки како што беше зголемувањето на минималната плата.

– До крајот на неделава ќе се знае дали Словенија ќе добие нов мандатар за состав на Влада или, пак, државата сепак ќе оди на предвремени парламентарни избори.

– Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска одлучи дека кон крајот на април или почетокот на мај ќе го избира својот нов претседател.

– Кинеските лекари регистрирале 195 случаи на повторно заразување мсо новиот коронавирус во Вухан, покажуваат податоците кои денеска беа презентирани од страна на Државната комисија за хигиена и здравство во Кина. Во документот не се посочува причината за повторно заболување од истиот вирус.

 

 

Back to top button
Close
Close