МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 февруари 2020

24 февруари 2020

Ние европските соседни земји на Западен Балкан потврдуваме дека регионот е интегрален дел од Европа, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас на отворањето на конференцијата насловена „Од Солун до Загреб“, на која учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Оптимист сум дека ЕУ ќе ги исполни своите ветување и се надевам дека Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори за членство во март, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни рабори Миро Церар, пред почетокот на Конференцијата во Солун посветена на европските перпесктиви на земјите од Западен Балкан.

– Очекуваме Северна Македонија и Албанија да добијат датум за преговори, бидејќи впрочем тие две земји и го заслжија тоа, изјави денеска хрватскиот министер за надворешни и европски рабори Гордан Грлиќ-Радман, пред почетокот на Конференцијата во Солун посветена на европските перпесктиви на земјите од Западен Балкан.

– Советот на општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница по повод вчерашниот трагичен настан во село Романовце, информираа од општина Куманово. Седницата е закажана за во 13:00 часот.

– Гимназијалци од Пула кои во саботата биле на екскурзија во Италија, по враќањето во Хрватска, а по препорака на на Заводот за јавно здравје се ставени во куќен карантин, јави дописникот на МИА.

– Драстичните мерки на италијанските власти за коронавирусот предизвикаа паника кај голем дел од европското население, Европската Комисија бара секоја одлука да се заснова на научни докази.

– Пред одржувањето на денешниот состанок меѓу министрите за одбрана на САД и на Јужна Кореја, Марк Еспер и Кјеонг Ду Жонг, американската војска ги зајакна повиците за Сеул да ги зголеми финансиите за одбраната, предупредувајќи на последиците доколку наскоро не се постигне договор.

Back to top button
Close
Close