МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 февруари 2020

21 февруари 2020

– Независно од резултатите од изборите на Северна Македонија ќе и треба силно мнозинство во Собранието, за да ги спроведе реформите кои се потребни и за народот, но и со цел да успее во процесот на пристапување во Европската Унија, изјави денеска лидерот на парламентарната група Обновена Европа во Европскиот парламент, Дачијан Чолош на заедничка прес-конференција со премиерот Оливер Спасовски.

– Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од Виница најави предност на својата партија во однос на коалициското договарање за претстојните избори со сите партии, а особено со оние од албанскиот политички блок.

– Законот за патни исправи утврдува колкава е важноста на секоја исправа и со одлука на Влада не може да се промени законскиот текст, посочи денеска премиерот Оливер Спасовски, кој рече дека воопшто не е проблем да свика владина седница за пасошите и оти се бараат решенија, но повтори дека во целата ситуација најважен е менаџментот.

– Во јануари годинава паричната маса бележи надолна месечна промена од 1,5 отсто, а на годишна основа има зголемување за 7,8 проценти. Вкупните депозити се намалија на месечна основа за 1,0 отсто, но на годишна основа продолжија да растат, за 9,3 проценти, при раст на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, информира Народната банка (НБ).

– Итно вработување на доктори, медицински сестри и болнички персонал во болниците на петте грчки острови погодени од бегалските и мигрантските бранови, предвидува иницијативата на Министерството за здравство на Грција, како што соопшти надлежен министер Василис Кикиљас, говорејќи во интервју за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска оцени дека злосторството во градот Ханау било јасно расистички мотивиран терористички напад.

– Изборниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп откупи рекламен простор на Јутуб што ќе го користи за промоција на кампањата за претседателските избори.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close