МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 февруари 2020

21 февруари 2020

– Претседателот на Одделението за надворешни врски на Московската патријаршија, митрополитот Иларион Алфејев смета дека прашањето за канонскиот статус на Македонската православна црква треба да се решава исклучиво во дијалог со Српската православна црква, без мешање на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

– Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на „27 април“, изјави дека одбраната сама признала дека сите докази им се дадени во пишана форма, освен податоците од мобилните оператори за листата на дојдовни и појдовни повици.

– Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието, се одложува за 26 февруари за обвинетите да извршат увид во доказите од предметот. Судот сите докази од предметот ќе им ги достави на цеде.

– Денес пет острови од северниот дел на Егејското Море го носат товарот на миграциската криза во име на цела Европа, рече министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис по средбата со заменикот министер за внатрешни работи на Германија, Хелмут Тајхман и истакна дека „ова мора да се промени“.

– Установите за сместување на барателите на азил минатата година ја чинеле австриската држава дури 5,3 милиони евра.

– Американските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија се обидува да се вмеша во изборите во САД за Трамп повторно да победи.

 

 

Back to top button
Close
Close