МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 февруари 2020

20 февруари 2020

– Просечната нето-плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика.

– Скоро 9.000 граѓани се регистрирани и секојдневно користат 128 електронски услуги на порталот uslugi.gov.mk. што беше пуштен пред два месеца. На порталот во Каталогот на услуги веќе се достапни сите информации за добивање на 744 услуги. Каталогот претставува единствен извор на податоци за тоа како, во кој рок, во која процедура се добива секоја од овие 744 услуги, информираше денеска ресорниот министер Дамјан Манчевски.

– Податоците за тоа колку изнесува јавниот долг од денеска се достапни на јавноста преку новата алатка што ја презентираше министерката за финансии Нина Ангеловска. Преку новата алатка ќе се има увид во тоа колку изнесува јавниот долг како процент од БДП, како апсолутен износ, на што се должи зголемувањето, потоа податоци за движењето на долгот низ годините, финансирање на јавниот долг за 2020 година, податоци за издавање на државни хартии од вредност, како и едукативен дел.

– Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање на финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, истрага за евентуална вмешаност на други физички и правни лица, засега се резултатите од вчерашната акција на полицијата во селото Крушопек во скопски Сарај.

– Процесот на префрлање на вработени од јавен во приватен сектор ќе почне по завршување на изборите затоа што во предизборниот период се забранети какви било разместувања во администрацијата, најави денеска министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарско прашања.

– Министерството за надворешни работи на Словенија потврди дека меѓу заразените патници со коронавирусот на крузерот Принцес Дајмонд има и словенечки државјани.

– Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека им е благодарен на САД за доставувањето информации до Русија кои го спречија терористичкиот напад на земјата кон крајот на 2019 година.

– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се откажа од дел од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за прекројување на израелската граница, врз основа на кој повеќе арапски градови треба да се приклучат на идната палестинска држава.

Back to top button
Close
Close