МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 февруари 2020

20 февруари 2020

– Директорите на агенциите за ветеринарство на Бугарија и Србија, професори од факултетите за ветеринарна медицина и за земјоделски науки и храна, како и одгледувачи на свињи, утре ќе одржат заедничка средба во Скопје на која главна тема ќе биде африканската свинска чума.

– За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од вкупно 1,3 тони кокаин контролирана пратка, во магацин за овошје – банани, се очекуваат деталните информации на највената прес-конференција во 12:30 во МВР, а подоцна и од страна на ОЈО.

– Поради верскиот празник Задушница во текот на утрешниот ден (21.02), како и во деновите од викендот (22 и 23.02), во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

– Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас се овогодишни добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, со која им се дава признание за Преспанскиот договор со кој е постигнато решение на спорот за името.

– Нема никаква објективна причина за да се измени или повлече Законот за слобода на вероисповед, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, додавајќи дека противењето на тој акт всушност е најновата политичка битка што ја водат противниците на црногорската држава во обид да ја вратат во темниот среден век.

– Германското федерално обвинителство соопшти денеска дека постојат индиции дека напаѓачот кој уби девет лица во барови во Ханау, на 20 километри од Франкфурт, имал ултрадесничарски мотиви и поради тоа, истрагата се води за тероризам.

– Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е убеден оти Кина „многу се труди“ да ја сузбие епидемијата на коронавирусот.

Back to top button
Close
Close