МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

19 февруари 2020

19 февруари 2020

– Централниот регистар информира дека на 27, 28 и 29 февруари и на 16 март годинава ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година од 08:00 до 20:00 часот.

– База на податоци на дистрибутери од регионот и од Европската унија и пристап до алатка за анализа на меѓународниот пазар, се двете нови услуги што се развиени за унапредување на извозот помеѓу малите и средните фирми во регионот, како резултат на соработката на членките на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

– Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер не ја исклучи можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово.

– Руските претседатели би може да добијат имунитет од кривично гонење откако ќе им заврши мандатот, врз основа на уставните реформи, изјави високиот владин претставник Павел Крашеников.

– Монголија до 30 март ги затвори сите свои училишта со цел да го спречи ширењето на коронавирусот во земјата, соопшти денеска владата, јавија британските медиуми.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close