МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 февруари 2020

18 февруари 2020

– Владата на денешната седница донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување работи и задачи донесени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји е оптимист дека Северна Македонија и Албанија ќе ги испорачаат реформите потребни за зачленување во Европската Унија.

– Визуелно патување низ прекрасни фотографии кои ја отсликуваат убавината, културата и историјата на нашата земја. Вака директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски денеска ја најави новата алатка со која македонските туристички потенцијали ќе се презентираат преку социјалните мрежи и медиуми.

– Со прикажување снимка од надзорна расправа во Собранието на Северна Македонија и презентирање докази од обвинителството, а селектирани од одбраната, денеска во Кривичниот суд започна судењето за предметот ТНТ кој се однесува на уривањето на „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.
Судењето стартува од почеток поради промена на една поротничка во судечкиот совет. Пред почетокот на рочиштето, адвокатот на еден од обвинетите Еленко Миланов поднесе процесен предлог во кој наведе дека доказите кои се кај обвинителството и предложени за изведување, а се однесуваат на 26 аудио снимки од 26 мај 2017 година, како и смс пораки од 12 мај 2017 година, не можат да се применуваат.

– Укинувањето на таксата од 100 отсто, што пред повеќе од една година ја воведе владата на Косово на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, е прашање на денови и таа ќе се замени со целосен реципроцитет кон тие држави, најавија претставници на коалициските партнери во новата косовска Влада на денешната трибина на Косовскиот демократски институт (КДИ).

– Поголемиот број граѓани на Северна Ирска изјавија дека ако утре биде спроведен референдум тие би гласале против излегувањето на земјата од рамките на Обединетото Кралство за да се обедини со Република Ирска.

– Сириската влада предводена од претседателот Башар Асад веќе контролира повеќе од 90 проценти од земјата, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за време на разговорите во формат 2 + 2 со министрите за надворешни работи и за одбрана на Русија и Италија.

Back to top button
Close
Close