МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 февруари 2020

18 февруари 2020

– Со прикажување снимка од надзорна расправа во Собранието на Северна Македонија и презентирање докази од обвинителството, а селектирани од одбраната, денеска во Кривичниот суд започна судењето за предметот ТНТ кој се однесува на уривањето на „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.
Судењето стартува од почеток поради промена на една поротничка во судечкиот совет. Пред почетокот на рочиштето, адвокатот на еден од обвинетите Еленко Миланов поднесе процесен предлог во кој наведе дека доказите кои се кај обвинителството и предложени за изведување, а се однесуваат на 26 аудио снимки од 26 мај 2017 година, како и смс пораки од 12 мај 2017 година, не можат да се применуваат.

– Македонскиот туризам нема да биде значително погоден од негативениот ефект што го предизвика корона вирусот. Во земјава годишно доаѓаат по околу 7000 – 10000 кинески туристи, најчесто како дел од регионалните тури. Тоа е релативно мала бројка за да предизвика какво било влијание врз секторот, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

– Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, генерал Енцо Вечиарели, на покана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.

– МВР очекува во март да добие 100.000 обрасци за патни исправи. Во моментов се преостанати 3.700 обрасци, од нив 650 ќе бидат за издавање патни исправи по итна постапка, а останатите ќе се издаваат по приоритет. До пристигнување на новата пратка обрасци системот за издавање патни исправи се размислува да биде ставен вон функција, информира техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

– Мирно и масовно, со слогани и плакати против новиот закон на владата за социјално осигурување, граѓани и членови на синдикатите учествуваа на протестите одржани во центарот на Атина во рамките на денешниот 24-часовен штрајк.

– Шпанската поморска служба за спасување соопшти дека се трага по 143 мигранти кои пловеле кон Канарските Острови во Атлантскиот Океан.

– Епидемијата на вирусот КОВИД-19, што се појави во Кина, не е надвор од контрола, но ситуацијата е многу опасна, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Back to top button
Close
Close