МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 февруари 2020

18 февруари 2020

– Новиот закон за енергетска ефикасност денеска стапи во сила откако минатата недела беше изгласан во Собранието и објавен во „Службен весник“.

– Владата денеска ќе ја одржи редовната 10-та седница на која меѓу точките е и разгледување на годишниот извештај за работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за 2019 година.

– Течат роковите за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. До утре на полноќ радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите, доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието се должни да се регистрираат во ДИК.

– Откако во петокот и официјално беа пуштени во употреба блоковите В и Г од студентскиот дом „Гоце Делчев“, Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за сместување студенти во овие два блока. Електронско пријавување почна вчера и ќе трае до 24 февруари.

– Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата без лични документи. Со Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, што го усвои Собранието, обезбедена е институционално-правна рамка за тие конечно да добијат граѓански идентитет, соопшти денеска кабинетот на дополнителната министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи, објави Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на нејзината веб страница по повод донесеното решение од Претседателот на Собранието за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

– Европската комисија го повтори ставот дека разговорите со Северна Македонија и Албанија треба да започнат што е можно поскоро со оглед дека ги исполнија условите за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Брисел се надева дека овој чекор може да се случи пред Самитот на ЕУ и Западен Балкан, во мај, во Загреб.

– Комисијата за здравство во словенечкото Собрание одржува итна седница на кој се разговара за подготвеноста на државата да се справи со евентуалното ширење на новиот коронавирус.

– Пратеникот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) во германскиот Парламент Норберт Ретген ненадејно се кандидираше за претседател на таа партија, откако Анегрет Крамп Карнбауер поднесе оставка минатата недела.

– Кинеските здравствени власти ја објавија досега најголемата студија од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во која е утврдено дека болните и старите лица се најризични групи, и истакнуваат дека повеќе од 80 проценти од заразените случаи се квалификуваат како умерени.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close