МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 февруари 2020

17 февруари 2020

– Премиерот Оливер Спасовски денеска во Брисел учествуваше на работниот ручек што за лидерите на Западен Балкан го приреди еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

– Субвенции во висина од 354 милиони денари им се исплатени на вкупно 12.500 сточари кои одгледуваат говеда. Субвенциите се исплатени преку мерката „Директни плаќања за обележани грла говеда“.

– Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска им се заблагодари на 80-те пратеници во Собранието кои гласаа за измените и дополнувањата на Законот за одбрана и му честита на поширокиот тим од МО и од Армијата, кој го изработи во изминатата година.

– Бугарската агенција за безбедност на храната денеска соопшти дека во градот Раковски, во јужниот дел на Бугарија, се појавил вирус на птичји грип Х5Н8, поради што вкупно 5.380 патки ќе бидат усмртени.

– Судот во Санкт Петербург денеска нареди присилна хоспитализација на руска државјанка која избегала од изолација.

– Врховниот суд во Индија денеска пресуди дека жените можат да бидат воени команданти, отфрлајќи го ставот на Владата дека мажите војници не се подготвени да прифатат наредби од жени офицери бидејќи тоа ги вознемирува.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close