МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 февруари 2020

17 февруари 2020

– Бојан Јовановски-Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ-мерките што денеска се прикажуваат во судница на рочиштето за предметот „Рекет“ во кој се обвинети Боки 13 и Јанева. Според одбраната, во снимките нема ништо спорно.

– Општина Ѓорче Петров забрзано работи на изградбата на корзото во општинскиот парк, урбан споменик на минатото што се реализира преку Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП кој го спроведува Министерството за финасии со поддршка на Светска банка. Вкупната вредност на инвестицијата е 21милион денари од кои 3,9 милиони се грант за изградба на улицата со калдрма.

– Над 60 проценти од компаниите кои ги има анкетирано Стопанската комора на Македонија се соочуваат со недостиг на работна сила. Недостига кадар од различни типови на образование и од различни професии, почнувајќи од мајстори до висококвалификувани кадри.

– Ниските плати и животниот стандард, криминалот и корупцијата, и невработеноста се трите најважни проблеми со кои се соочува државава, покажува анкетата на агенцијата Рејтинг, за перцепцијата на јавноста за можните кандидати за претседател на идната влада.

– ЈСП Скопје денеска соопшти дека е пуштен во употреба билетот за едно возење што може да се набави во сите возила и во билетарниците на ЈСП Скопје.

– Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

– Албанкиот министер за обнова, Арбен Ахметај,пред денешната донаторска конференција што попладнево почнува во Брисел, изјави дека се надева на конференцијата да бидат собрани околу 350 милиони евра.

– На неколку дена пред сослушувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред судот во Лондон за бегова екстрадиција во САД, организацијата Репортери без граници поднесе иницијатива против неговото предавање на Американците.

– Повеќе од илјада луѓе денеска се евакуирани од деловна зграда во центарот на Мумбај, откако објектот беше зафатен со пожар. Според локалните медиуми, засега нема информации за жртви.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close