МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 февруари 2020

17 февруари 2020

– Независниот академски синдикат (НАкС) во отворено писмо до премиерот Оливер Спасовски го изразува незадоволството од нерешениот проблем со исплатата на ветените 10 проценти од јануарската плата за вработените во високото образование и, како што наведува, „поради нечии лични интереси кои немаат допирни точки со заложбата за унапредување на положбата на вработените, се испроблематизира начинот на кој ќе се изврши ветеното покачување“.

– Лидерите решија да го вратат мандатот кај вас, обврска е на институциите да обезбедат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои вие ќе го искористите вашето демократско граѓанско право и обврска, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Собранието Талат Џафери, обраќајќи им се на граѓаните по вчерашното распуштање на Парламентот и распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

– Во државата недостигаат 536 пожарникари за да се достигне законски пропишаниот минимум, а просечната старост на противпожарните возила е 28 години, покажува истражувањето што го изработи Центарот за граѓански комуникации.

– Албанскиот државен врв ја честита 12- годишнината од независноста на Косово. Во свое и од име на граѓаните на Албанија, честитка упати шефот на државата Илир Мета, наведувајќи притоа дека Косово веќе влегло во својата втора деценија како независна и суверена држава, со уште пожива и подинамична демократија.

– На британските болници им е наредено да преземат нови мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус, бидејќи експертите предупредуваат дека постои „реална можност“ да заболат до 50 отсто од Британците, објави Тајмс.

– Најмалку 22 лица, меѓу кои и 14 деца, загинаа во напад во село во северозападен Камерун, соопштија Обединетите нации.

 

Back to top button
Close
Close