МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 февруари 2020

17 февруари 2020

– До изборите министерското место за труд и социјална политика во техничката Влада ќе остане празно откако ВМРО-ДПМНЕ до вчерашното распуштање на Собранието не даде нов предлог за оваа позиција по разрешувањето на техничката министерка Рашела Мизрахи.

– Државната изборна комисија, според Роковникот за спроведување на предвремените парламентарни избори, денеска од МВР треба да побара и да и биде доставен Избирачкиот список.

– Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет” во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски- Кичеец кој пак на првото рочиште призна вина и беше осуден на три години затвор.

– По минусните утрински температути, времето во текот не денов ќе биде сончево и релативно топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

– Минатата недела сите му даваа памет на обвинителството. Претседателот Румен Радев ни кажува каде го гледа обвинителството, премиерот Бојко Борисов ни кажува кој да биде притиснат, и бизнисмени и социјално слаби консултанти, како Домусчиев и Ковачки, ни даваат ум. Красимир Каракачанов и Корнелија Нинова, исто така, се празнат со обвинителството. Место да си прават празни муабети, нека си ја вршат работата за која се избрани, изјави бугарскиот главен обвинител Иван Гешев, пренесен од БГНЕС.

– Британската Влада планира да инвестира 1,6 милијарди американски долари за создавање на најмоќниот суперкомпјутер во светот за да обезбеди попрецизни прогнози за времето и за климата.

– Кандидатот на демократите за претседател на САД Мајкл Блумберг разгледува опции Хилари Клинтон да биде потпретседател, јави Си-ен-би-си повикувајќи се на извештај на Драџ рипорт.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close