МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

13 февруари 2020

13 февруари 2020

– Министерот за здравство Венко Филипче денеска на годишнината од трагичната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, присуствуваше на средба меѓу преживеана патничка и човекот кој и помогнал да се извлече од превртениот автобус.

– Македонскиот државјанин кој беше меѓу тројцата наши граѓани на бродот „Дајмонд принцес”, закотвен во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, и кај кој е потврден коронавирус, има блага форма на заболувањето и е транспортиран во болница во градот, информира денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

– Европските интеграции на земјава во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес беа во фокусот на разговорите на средбата што вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ја имаа со Амели де Моншален, министерка за Европа и претставничка на Република Франција во Европската Унија.

– Словенија реши да и испрати на Кина 1.200.000 заштитни маски. Донацијата е со цел да им се помогне на тамошните власти во борбата со новиот тип на коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.

– Германскиот министер за здравство, Јенс Спан предупреди дека постојната инфекција со коронавирус може да доведе до недостиг на лекови во Европа, со оглед на тоа што многу од состојките што се користат во производството на лекови доаѓаат од Кина

– Сите шумски пожари во австралиската држава Нов Јужен Велс се под контрола за првпат од септември. Руралната пожарна служба (РФС) истакна дека „оваа сезона на шумски пожари била многу трауматична и исцрпувачка“.

 

 

Back to top button
Close
Close