МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

13 февруари 2020

13 февруари 2020

– Околу 4.900 обрасци за пасоши има останато во моментов, а 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош. Новата пратка на обрасци за патни исправи од економскот оператор Веридос треба да стигне на 24 март, а како што информира денеска техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се вложуваат натчовечки напори за забрзување на процесот и постои можност тие евентуално да стигнат десетина порано од тој термин.

– Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести како последица од компликации од грип. Девочјето кое имало и други хронични заболувања, е првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

– Изнајдено е решение за да може да се обесштетат жителите од поплавите во Скопско во 2016 година. Подготвено е законско решение со кое се е најдено конечно решение, соопшти министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

-Одбраната на обвинетите во случајот ,,Рекет”, снимките од ,,Ла Верита”, кој денеска се презентираат во Кривичен суд, ги оценуваа како неавтентични. Според адвокатот на еден од обвинетите Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, лицето Јордан Камчев, кој ги доставил овие материјали до обвинителството, е осомничен во друг предмет и негова цел е неговиот клиент се прогласи за виновен.

– За грчките позиции во однос на проширувањето на ЕУ и европската перспектива на Западен Балкан, меѓу другото, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис ги информирал амбасадорите во Атина на 26-те земји членки на Европската унија, за време на работниот ручек организиран од хрватскиот амбасадор во рамки на претседавањето на земјата со ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

– Австриското Министерство за надворешни работи успеа по два и пол месеца да спречи кибер напад врз својот ИТ систем.

– Брзото зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 во Кина е резултат на „пошироко дефинирање“ на болеста, кое почна да се применува, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација.

 

Back to top button
Close
Close