14 мај 2020

– Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени 29 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу (девет) се во Скопје, шест во Прилеп, пет во Тетово, по двајца во Струга, Велес, Битола и Охрид и еден дијагностициран во Куманово. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал шест оздравени пациенти – тројца во Велес и по еден во Штип, Гостивар и Кочани.

– Словенечкиот премиер Јанез Јанша од Собранието порача дека земјата најверојатно на 31 мај ќе прогласи крај на епидемијата поради коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

– Француската државна секретарка за еднаквост меѓу мажите и жените и борба против дискриминацијата, Марлен Шиапа, изјави дека „сите показатели упатуваат на зголемување на семејното насилство за време на изолацијата во земјата“. Поради тоа, алатките воведени за известување за семејно насилство остануваат достапни и по изолацијата, јави дописникот на МИА.

– Повеќе од 2.800 затвореници во Никарагва вчера беа привремено ослободени, а причината е прославата на Денот на мајката, соопштија официјални претставници.

– Јувентус и Челзи можат да разменат играчи. Според „Гардијан“, клубовите започнале преговори за размена на двајца играчи од средниот ред. Јувентус е подготвен да му го даде на Челзи, Миралам Пјаниќ во замена за Жоргињо.

Back to top button
Close
Close