МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

12 февруари 2020

12 февруари 2020

– Во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Значењето на регулаторните институции за изградба на функционална
пазарна економија во Република Северна Македонија“.

– Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжуваа судењето за предметот „Тврдина-Таргет”. Предметот е во фаза на презентирање сведоци.

– Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ужива најголема благонаклонетост од граѓаните на Северна Македонија. Германската канцеларка Ангела Меркел е втора, а трет е претседателот на Русија Владимир Путин.

– Главниот обвинител на Република Бугарија, Иван Гешев, побара од Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) да направи целосна проверка на процесот на приватизација и на контролата на овој процес од одговорните министерства, агенции и други државни органи, сооопшти Обвинителството.

– Компанијата „Галп“ , која престана да им го плаќа на вработените времето што го минуваат на паузи за пушење, го доби случајот пред еден Виш суд во Шпанија.

– Американскиот претседател Доналд Трамп имаше убедлива победа во Њу Хемпшир, додека неговиот противник, поранешниот гувернер на Масачусетс, Бил Велд доби повеќе од 12.000 гласови.

Back to top button
Close
Close