МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

11 февруари 2020

11 февруари 2020

– Ги повикувам сите 120 пратеници во Собранието да бидат на висината на одговорноста што овој историски ден им ја носи. Да се обединат околу она што значи остварување на една од двете стратешки цели поставени уште од независноста во далечната 1991 година и денеска да ја поддржат ратификацијата на Протоколот за НАТО, се работи за иднината на сите наши деца, рече на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– Пристапувањето кон Северноатлантскиот сојуз не е едноставно стапување во членство во меѓународна организација. НАТО е сојуз на држави кој се заснова врз меѓусебна политичка и одбранбена солидарност и врз заеднички вредности. Членството во најмоќниот воен сојуз во светот е привилегија, но и огромна одговорност.

– Прашањата за односите меѓу двете земји, актуелностите при спроведувањето на Договорот од Преспа, а во контекст на европските интеграции на земјава биле тема на денешната средба на заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи со амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакакис.

– Во Собранието попладнево почна свечената седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

– Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, а сега пратеник од СИРИЗА Јоргос Катругалос денеска додека спортувал се повредил.

– Бизнисмен од Англија, 53-годишниот Стив Волш, кој е заразен со коронавирусот би можел да ја прошири болеста од Кина во Европа поради своите патувања, соопшти денеска британската Национална здравствена служба.

– Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски ќе разговараат за ситуацијата во Сирија.

Back to top button
Close
Close