МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

11 февруари 2020

11 февруари 2020

– Владата на вчерашната седница донесе одлука за поништување на решенијата донесени во периодот од 21 до 31 јануари од министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, со кои се опфаќаат решенија за овластување и потпишување, како и решенија за плати и за распоредување, информира денеска владината прес-служба.

– Италија ја поддржува Северна Македонија за интеграција во НАТО и ЕУ. Двете земји имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог. Ова е констатирано на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо, кој престојува официјална посета на земјава.

– Владата вчера ја разгледа и усвои Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО и го задолжи претседателот на Националната комисија за УНЕСКО треба да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, во рок од 10 дена да изработи предлог решение за усогласување на режимите на заштита на Планот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион (2020-2029) и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

– На редовната 7-ма седница што се одржа во Охрид, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО.

– Косовскиот премиер Албин Курти денеска престојува во неколкучасовна официјална посета на Албанија, што е негова прва посета на друга земја, по изборот за премиер, на трети февруари.

– Украинскиот претседател Владимир Зеленски најискрено е посветен на прекинување на конфликтот во Донбас и прави се што може за да ја постигне таа цел, изјави денеска неговиот соработник Андреј Јермак.

– Соединетите Американски Држави, во случај да не потпишат никаков договор со Русија за контрола на оружјето, ќе го создадат „најмоќното“ нуклеарно оружје во светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

 

 

Back to top button
Close
Close