МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

10 февруари 2020

10 февруари 2020

– Сè уште е неизвесно дали ќе се одржи денешното рочиште за „Рекет“, бидејќи обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 не е пристигнат во Кривичниот суд.

– Ја очекуваме поддршката од Холандија на претстојните самити на Европската Унија, а особено ја цениме билатералната поддршка која земјава во континуитет ја добива што особено внимателно е таргетирана во развојот на демократските капацитети на општеството, владеењето на правото, поддршка за реформите, порача вицепремиерот за вропски прашања, Бујар Османи на средбата со делегацијата на Комисијата за европски прашања при Парламентот на Кралството Холандија, предводени од пратеникот Хајке Велдман, кој е претседател на Комисијата.

– На падините на Маврово годинава по 18-ти пат ќе се одржи традиционалниот Аматерски хуманитарен велеслалом. Од 21-ви до 23-ти февруари, на хуманитарниот велеслалом ќе учествуваат компании кои, преку котизација, ќе дадат поддршка на Фондацијата Импакт, која преку проектот „PAWSITIVE IMPACT“ се грижи за бездомни животни.

– Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, во Крушево ги посети семејствата Теља и Христовски кои се згрижувачки семејства на деца и лица со посебни потреби. На средбата со згрижувачките семејства министерката се запозна со сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат овие семејства грижејќи се за лицата кои имаат потреба од поголемо внимание, грижа и љубов, информира денеска Министерството за труд и социјална политика.

– Во организационата рамка на министерството, што ќе излезе во февруари, ќе формираме Дирекција за враќања што ќе го презеде целиот процедурален дел, вели министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис во интервјуто за грчкиот весник „То вима“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека првосудството може да добие повеќе пари ако работи побрзо.
Курц пред една недела во разговор со новинарите го критикуваше Обвинителството за економски криминал и корупција дека е под партиско влијание и зборуваше за „црвени мрежи“ алудирајќи на социјалдемократското влијание.

– Претставници на партијата ЛМШ (Листа на Марјан Шарец) и СМЦ (Партијата на модерниот центар) на Миро Церар, денес ќе го одржат првиот состанок за потенцијално коалицирање пред можните предвремени парламентарни избори во Словенија.

 

Back to top button
Close
Close