МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

6 февруари 2020

6 февруари 2020

– Претставници на телекомуникациските оператори денеска на средба го информираа претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, за нивните согледувања во однос на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ставен во собраниска процедура, а предложен од група пратеници на 27 јануари оваа година.

– Во 2019 година во вкупниот буџет на Град Скопје остварени се 87,2 проценти од вкупно планираните приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари. Вкупните расходи и другите одливи во буџетот на Град Скопје за 2019 година се извршени 82 проценти од планираното или во вкупен износ од 5,3 милијарди денари. По однос на остварувањето на расходите гледано по категории на расходи – тековно оперативните расходи се остварени со 86,4 проценти, а капиталните расходи со 72 проценти од планираното, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

– Потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија, поради присуството на заразени лица од коронавирусот, соопшти Министерството за надворешни работи по информации добиени од јапонското МНР.

– Билатералната соработка и регионалните теми, со акцентот ставен на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија биле теми на разговор на средбата на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Милтиадис Варвициотис и амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, јави дописничката на МИА од Атина.

– Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека К-15 нема да важи за вработените во администрацијата кои беа вработени по Рамковен договор, а седеа дома. Ова право ќе важи само доколку прифатат прераспределување.

– Претседавачот на Надворешнополитиката комисија во Европскиот Парламент Дејвид Мекалистер оценува дека новата методологија на проширување треба процесот на пристапување во ЕУ да го направи повеќе политички и покредибилен, но и ќе има конкретни бенефити, односно санкции.

– Новоизбраниот премиер на Тирингија, Томас Кемерих денеска изјави дека неговите Слободни демократи (ФДП) покренале предлог за распуштање на собранието во таа источногерманска покраина, што би отворило пат за нови избори.

– Кина денеска ја заврши изградбата и на втората болница во Вухан за изолација и лекување на пациенти од коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 560 луѓе.

 

 

Back to top button
Close
Close