МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

6 февруари 2020

6 февруари 2020

– Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинскиот превој Плетвар.

– Отпишување на каматите за долгови дадени на извршување, кои граѓаните ги имаат кон државен орган, јавно претпријатие или установа на централно или локално ниво направени заклучно со 31 декември 2017 година, и можност за отплаќање на главниот долг на рати предвидува Законот за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на физички лица што беше усвоен во Собранието.

– Да се намали даночната стапка на сметководствените услуги зашто во спротивно ќе нема кој да книжи и да поднесува завршни сметки, велат од Комората на сметокводители при Сојузот на стопански комори (ССК).

– Најстудено утров е во Маврово, каде се измерени -9 степени целзиусови, а таму има и највисока снежна покривка од 41 сантиметар.

– Црногорскиот премиер Душко Марковиќ синоќа на седница на Општинскиот одбор на Демократската партија на социјалистите во Будва кажа дека ќе го прифати дијалогот со црквата за Законот за слобода на вероисповедта.

– Во Германија во моментов 36 политичари се наоѓаат под заштита на Сојузното биро за борба против криминалот (БКА), соопштено е во Бундестагот, пренесе Хина.

– Меѓу претставниците на американските Демократи кои се натпреваруваат за местото кандидат за претседател на САД, посебно внимание на медиумите привлече 38-годишниот Пит Бутиџиџ, кој својата кампања ја гради на идејата за смена на генерациите во Белата куќа.

Back to top button
Close
Close