МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

5 февруари 2020

5 февруари 2020

– Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) бара од Министерството за труд и социјална политика (МТПСП) веднаш да се отпочнат преговорите за потпишување на Општиот колективен договор за јавниот сектор.

-Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) апелира да се преземат соодветни превентивни мерки за да се спречи евентуална појава на коронавирусот согласно препораките на Светската здравствена организација, со оглед на тоа што има постојано има заминување и доаѓање на кинеските работници од кинеската компанија „Синохидро“ во државава. Од Синдикатот повикуваат да не се лимитира престојот на работниците за работа.

– Патниот и товарниот железнички сообраќај и денеска е во прекин поради штрајк на машинскиот персонал во Железници транспорт.

– На патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато од 9:05 часот е укината забраната за тешки товарни возила, информира јавното претпријатие „Македонија пат“.

– Мерење на температурата со инфраред термометри на патниците и членовите на екипажот од одредени летови; информирање на патниците преку постери поставени на аеродромот и информативни летоци со сите потребни информации за здравствените услуги на кинески јазик се додатните мерки за коронавирусот што Националната организација за јавно здравје на Грција ги презема на атинскиот аеродром, јави дописничката на МИА од Атина.

– Претседателката на француската десничарка партија Национален фронт, Марин ле Пен, оцени дека излезот на Велика Британија од ЕУ претставува „враќање кон слободата“ и дека овој настан е неуспех за Брисел.

– Сопругата на премиерот на Лесото ќе биде обвинета за убиство на неговата прва жена, што се случи во 2017 година, јави Би-би-си.

Back to top button
Close
Close