МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

5 февруари 2020

5 февруари 2020

– Собранието денеска треба да ја продолжи 131. седница на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони што треба да бидат донесени по скратена постапка.

– Шефот за Балканот Томас Бертин и одговорната за земјава Елса Бензакуен Наваро од француското МНР, денеска ќе го посетат Собранието.

– Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде отворена парламентарна буџетска канцеларија.

– Во поголемиот дел од земјава изутрива врне снег, кој е поинтензивен на југозападот. Најмногу снег ноќеска наврна во Пожаране каде што е формирана снежна покривка од 36 сантиметри, во Маврово 33, Дебар 22, Битола 21, Охрид 19, Прилеп 15, Попова Шапка 9 и Тетово 6 сантиметри.

– Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ рече дека во врска со Законот за слобода на религија, државата нема да се согласи на уцена и нема да попушти пред протестите.

– Синдикатот на унгарски наставници протестира против новиот училишен план, за кој тие велат дека е дизајниран од владејачката партија Фидес за промовирање на својата националистичка програма и ограничување на академските слободи.

– Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп достигна рекордни 49 проценти, најмногу откако тој ја презеде функцијата во 2017 година, објави Галуп.

Back to top button
Close
Close